Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.797 дози вакцини, од кои 734 како прва доза, 876 се ревакцинирани, а 3.187 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 28 октомври вкупно се вакцинирани 804.151 граѓани, ревакцинирани се 774.464, а трета доза примиле 27.298 лица, соопшти Министерството за здравство.
Педесет и четири отсто од граѓаните над 40 годиши се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина.
Објавено на: 10/29/21 9:30 AM