Бомба за имунитетот – Чај од ѓумбир со мед и лимон – ММС
ММС

Објавено на: 10/28/21 10:17 PM

Бомба за имунитетот – Чај од ѓумбир со мед и лимон

Ѓумбирот е богат со есенцијални масла, калиум, манган, бакар, магнезиум и витамин Б, а во комбинација со мед и лимон го штити организмот од вируси и инфекции.

Поради неговите аналгетски, антиинфламаторни, антибактериски својства, тој е познат како народен лек.

Освен што е зачин во исхраната, помага при слабеење, го забрзува метаболизмот, помага при главоболки и мачнини, а благодарение на минералите и витамините е идеален борец против настинки и вируси.

Состојки:

чаша врела вода

рендан ѓумбир

лажичка мед

една лажичка сок од лимон

Подготовка:

Оставете ја водата да зоврие, а потоа додадете го изренданиот ѓумбир.

Оставете го така натопено три минути.

Додадете една лажичка мед и сок од лимон.

Процедете го чајот и отстранете ги остатоците од ренданиот ѓумбир.

Добро промешајте.

Извор: Стил.курир.рс