Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо и неговата партнерка Георгина Родригез очекуваат близнаци, објави капитенот на Португалија, кој веќе е татко на четири деца.
„Среќни сме да објавиме дека очекуваме близнаци. Нашите срца се полни со љубов – едвај чекаме да ве запознаеме“, напиша Роналдо на Инстаграм со фотографија од него и Георгина на која се прикажани снимки од ултразвук.
View this post on Instagram
Неговиот најстар син Кристијан Јуниор е роден од сурогат мајка во јуни 2010 година, а седум години подоцна Роналдо на сличен начин стана татко на близнаците Ева и Матео.
Родена во ноември 2017 година, Алана Мартина е првото дете од неговата заедница со Георгина Родригез.
Во интервју за Франс Фудбал во 2017 година, 36-годишниот напаѓач изјави дека сака да има седум деца.
Извор: Рс.н1инфо.ком