Москва од денеска воведува целосен локдаун – ММС
ММС

Објавено на: 10/28/21 11:41 AM

Москва од денеска воведува целосен локдаун

Руската престолнина денеска воведе најстроги мерки на локдаун, од јуни минатата година, кој ќе трае 11 дена. Болниците се соочуваат со растечки бран на заразени од коронавирусот, а земјата дневно брои рекорден број на починати.
Дозволена е работа само на супермаркетите и апотеките, а школите и градинките се веќе затворени. Ова доаѓа пред веќе донесената одлуката за еднонеделно затворење на компаниите во целата земја од 30 октомври.
Исто како и Москва, некои региони се одлучија за делумен локдаун од идната недела.
На жителите на Москва им е дозволено слободно да излегуваат од дома, за разлика од карантинот во летото 2020, но новите мерки укажуваат на се поголема загриженост на надлежните поради рекордниот број на смртни случаи, за што Кремљ ја обвинува ниската стапка на вакцинација.
Меѓу жителите на Москва се измешани чувствата во врска со карантиот. Некои велат дека тоа ќе го намали ширењето на вирусот. Други, пак, се сомневаат дека ќе се постигне ефект без вакцинација на поголем дел од жителите.
Во Москва можат повторно да се видат лица со заштитни одела како дезинфицираат улиците.
Русија денеска објави рекорден број на случаи на коронавирус и смртни случаи. Според официјалниот извештај, во земјата се регистрирани 40.096 нови случаи и 1.159 смртни случаи во изминатите 24 часа. Вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата изнесува повеќе од 235,000, со што Русија е четвртото место во светот, после САД, Бразил и Индија.

Извор: index.hr