Наутро минусни температури, преку ден сончево – ММС
ММС

Објавено на: 10/27/21 5:38 PM

Наутро минусни температури, преку ден сончево

Утре не очекува наутро студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура на повеќе места ќе биде околу или под нулата и ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје сончево. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 16 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на претежно сончево време со студени утра. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за магла и ниска облачност, особено во југозападните и југоисточните делови.