Веселбата по склучувањето брак ретко проаѓа без стрес. Роднините, пријателите и кумовите понекогаш може да влијаат на атмосферата, а и гардеробата на гостите може да биде причина за тоа.
Една невеста на Reddit објаснила дека се вознемирила од облеката која нејзините староватици ја одбрале, сметајќи дека една од нив претерала со фустанот кој одлучила да го облече тој ден. Имено, нејзината пријателка Карла се омажила шест месеци порано и одлучила својата венчаница да ја носи на свадбата на својата другарката. Информацијата за ваквата одлука невестата ја дознала од една друга пријателка, Сали откако самата невеста рекла дека старосватиците сами ќе може да ја изберат гардеробата.
-Разбирам дека Карла имаше свадба среде корона и дека малку луѓе ја видоа нејзината венчаница, но сеедно! Од друга страна, и Сали ми прави проблеми бидејќи на интимна венчавка сака да дојде со своето момче за кое и самата рече дека е „губење време“. Никој не го познава и нашите роднини ќе може да бидат бесни што тој може да дојде, а некои луѓе кои ни се поблиски, не“ – напишала невестата.
Таа ги замолила корисниците на социјалните мрежи да ја посоветуваат дали е паметно Сали да поразговара со Карла околу венчаницата.
Тие веднаш се согласиле дека треба сама да разговара и да каже што има.
„Знам дека тоа нема да биде пријатно, но рационално е секој да објасни што создава проблем во односот, така би требало да функционираат работите меѓу пријателите. И двете ситуации се неприфатливи, поразговарај со нив и реши го тоа“, напишаа тие.
Извор: srbijadanas.com