Инфлуенсерка се посрамоти, излажа без да трепне: Сите и’ се смеат поради фотографијата од една светска метропола – ММС
ММС

Објавено на: 10/27/21 10:49 AM

Инфлуенсерка се посрамоти, излажа без да трепне: Сите и’ се смеат поради фотографијата од една светска метропола

Инфлуенсерката Џес Хант од Велика Британија ја следат милион ипол корисници на социјалните мрежи. Таа се фали со своите патувања по светот, истакнувајќи дека вредно работи на разни проекти, но со една од своите последни објави без срам лажираше патување.

Во коментарите луѓето бурно реагираа на фотографијата која наводно е направена во Париз, а на која таа коментира: „Мојот омилен град“.

Можеби Париз е омилениот град на Џес Хант, но фотографијата јасно зборува дека таа не била ни блиску до Ајфеловата кула.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jess Hunt (@jesshunt2)

Сите веднаш воочија дека се работи за фотомонтажа односно дека се работи за сценска позадина, а некој невешто ја вметнал фотографијата со видливи траги од фотошопот. На фотографијата Џес „лебди“ над асфалтот со воочлива сенка околу силуетата.

„Виртуелен турист“, „И јас патувам со Фотошоп насекаде низ светот“, гласат дел од коментарите.

Познавачите објаснија  што всушност „ја издало“ инфлуенсерката. Имено на фотографиите не постои никаква сенка туку изгледа како таа да се фотографирала пред зелена позадина во студио.

„Буквално нигде нема сенка“, напиша еден од корисниците додека друг додаде: „Нејзините стопала лебдат“.