Ожени љубовница, 17 години помлада од него – Драма во бракот на босанскиот министер Кошарац – ММС
ММС

Објавено на: 10/27/21 8:29 AM

Ожени љубовница, 17 години помлада од него – Драма во бракот на босанскиот министер Кошарац

Сташа Кошарац, министер за надворешна трговија и економски односи на БиХ и член на Главниот одбор на СНСД, на почетокот на октомври се оженил за својата избраничка Александра Ивковиќ. Парот се венчал во Требиње, на покрив од хотел. Младоженецот носел класичен црн костум, невестата блеснала во снежно бел фустан. Ова е трет брак на министерот Кошарац, а неговата врска со Александар досега беше проследена со контроверзии, бидејќи Сташа бил во брак кога почна да се забавува со сегашната сопруга.

Неговата, сега поранешна сопруга ,Сања Кошарац, новинарка на РТРС, тогаш на Фејсбук ја откри неговата прељуба со следните зборови:


-Денеска министерот Кошарац отиде на работа. Повторно. Вчера повторно се обиде да биде „примерен“ татко и сопруг. Во меѓувреме се обиде да биде љубовник.Од утре ќе остане запаметен како некој на кој Господ му дал речиси се’, а  му зеде повеќе од тоа. Пред две години, барем според моите сознанија, министерот Кошарац си најде љубовница. Помлада 17 години од него. Нема да пишувам за агонијата низ која поминавме со моите деца, моето семејство и јас за да го надминеме ова. Министерот Кошарац, неговото семејство, неговата љубовница и нејзиното семејство – моите деца, моето семејство и јас, се обидоа да ни направат многу нешта. Тоа е за пишување, но на друго место. Таа „морална вертикала“ и „мажиште“, министерот Кошарац – откако не успеа да ме убеди дека сум луда (буквално) дека тоа е само негова соработничка избега од децата и мене во куќата на татко му, под изговор дека мора да го чува тоа што го градел.

Се прашувате тогаш, сигурно, зошто ви пишувам сега и овде.

Прво, ова е омилено место за комуникација на квазиелитите. Сите тие, како и министерот и неговата „соработничка“, живеат инстант живот. За жал, примерот на моите синови потврдува на кои лаги и измами се спремни да остават „совршена“ слика во јавноста. Откако не ги видел еден месец, таткото не разговарал со нив, туку се сликал за социјалните мрежи, со сите лажни насмевки и описи. Второ, мислев дека ќе помине времето за забави, томпуси и старлети. Јас сум зрела жена. Трето и најважно, на крајот на краиштата, министерот Кошарац се обиде триумфално да влезе во мојот живот, нудејќи ја опцијата за повлекување на бракоразводната парница! Едноставно, баш така, мислејќи на децата – како порано да не постоеле!

Додека министерот Кошарац, на пример, беше на Златибор со својата „соработничка“ и направи кратка пауза – како што напиша во описот на сликите, неговите синови се бореа за воздух, притиснати од болка и пригушени липања, кои потоа избија во најмногу ужасни крици од невините детски души. Министерот Кошарац се обиде да влезе во мојот живот токму така – без извини и жал ми е, но со забелешка дека не сум доволно зрела да го прифатам изговорот кој објаснува дека е нормално да се има љубовница затоа што тоа го прават сите! Не секој го прави тоа! Татко ми никогаш не и го правел тоа на мајка ми. Моите синови никогаш нема да им го прават тоа на мајките на нивните деца. Ќе речете – знаеше со кого се мажиш. Да! Се омажив за разведен маж, но не се согласив да бидам љубовница. Откако не се согласив министерот Кошарац да ми се врати во животот, побарав од него материјално да ме обезбеди  мене и децата. Е тука се соголи најскриениот мрачен дел на министерот Кошарац. Тој и неговиот татко вчера ми се закануваа на моите деца, на моето семејство, на мене. Што друго можете да очекувате од тие духовни предвремено родени бебиња?! Им го допревте најсветото – материјалното !!! Затоа пишувам. Да знаат дека не се плашам. Има и такви кои не тргуваат со емоциите и семејството. Не го простувам предавството на децата и семејствотоа! Најважно. Јас сум мајка на Марко и Урош. Во моите синови го гледам Бог секој ден, гледам љубов и сила. Сјајот во нивните очи е единствениот сјај за кој живеам. „Сјајот и бедата на куртизана“, заедно со „Паемот на суетата“ им ги оставам на оние кои го прескокнале не само училиштето, туку и животната лектира. Девојки, жени – не ставајте цена на себе! Бидете прво свои, па потоа чии сакате!

Извор и фото: stil.kurir.rs