На Цеца и дадов 600.000 евра за концертот на Ушче, утредента ме шутна – Мили искрено за односот со Цеца – ММС
ММС

Објавено на: 10/26/21 8:20 PM

На Цеца и дадов 600.000 евра за концертот на Ушче, утредента ме шутна – Мили искрено за односот со Цеца

Александар Милиќ Мили до сега никогаш јавно не проговорил за причините за раскинувањето на долгогодишната соработка со Цеца Ражнатовиќ, на која заедно со покојната Марина Туцаковиќ и ги напиша најголемите хитови во кариерата.

Меѓутоа, во разговор за Курир Старс, композиторот откри дека на Цеца и платил за концертот на Ушче и дека за тој настап платил дури 600.000 евра.

– Нарушениот деловен однос меѓу мене и Цеца значеше и нарушена деловна атмосфера. Јас сум човек кој ги исполнува своите ветувања до бесвест. Не можам да ветам нешто што не можам да го исполнам. Јас сум таков човек. Штом се појави некаква неблагодарност и потценување во соработката, не можам да продолжам со тоа. Веднаш „излетав“ од тој проект, немав никаква тактика кога се работи за такви работи. Јас и Цеца ја прекинавме соработката од за мене нејасни причини, само ден по концертот на Ушче. Јас не сум виновен за тоа бидејќи не зависи од мене. Направив хит албум и платив за Ушче 600.000 евра, се распаднав за тоа – открил Мили.

Ражнатовиќ не одговорила на тврдењата на нејзиниот поранешен соработник. Таа на снимањето на емисијата „Ѕвездите на Гранд“ рече дека го тужи Милиќ и дека тој и должи многу пари.

Извор: Курир.рс

Фото: Дамир Девиршагиќ