Пожар во градски парк во Скопје, гори барака на поранешниот Суд за прекршоци – ММС
ММС

Објавено на: 10/26/21 3:26 PM

Пожар во градски парк во Скопје, гори барака на поранешниот Суд за прекршоци

Во моментов има пожар во парк во Скопје. ММС се обрати во територијалната противпожарна бригада, од каде ни рекоа:

-Да, во моментов се испратени пет возила на терен. Гори барака зад ресторанот „Томче Софка“, поточно барака на Судот за прекршоци. Која е причината се уште не знаеме, за тоа дополнително ќе информираме, ни рекоа тие.