Во Бардовци нема да се гради прифатен центар за странци, одлучи Владата – ММС
ММС

Објавено на: 10/26/21 1:41 PM

Во Бардовци нема да се гради прифатен центар за странци, одлучи Владата

На денешната седница Владата донесе одлука за стопирање на изградбата на Прифатниот центар за странци во Бардовци и за негово преместување на локација надвор од населено место.
„Ова доаѓа како одговор на барањето на граѓаните од Бардовци и Волково кои со месеци протестираа против изградбата на центарот. Граѓаните имаа оправдани дилеми поради што неколку пати за ова се обраќаат до централните институции, Општина Карпош и до меѓународната заедница“- објави Владата на фејсбук.
Се додава дека, Владата ги уважува нивните аргументи и во транспарентна постапка ќе бара нова локација надвор од населено место со цел реализација на овој важен проект.

Инаку, над 1.000 жители на Бардовци во изминатите два ипол месеци имаа неколку протести и блокади низ скопските улици, барајќи целосно стопирање на изградбата на Прифатен центар и негово дислоцирање, а за утре најавија повторно протест пред Владата. Тие досега се обратија со писмени барања до премиерот Зоран Заев, претседателот Стево Пендаровски и до амбасадорите, но немаа одговор.