Ти благодариме за смеата што ни ја донесе во серијата и во нашите животи – Почина актерот од „Пријатели“ – ММС
ММС

Објавено на: 10/25/21 6:02 PM

Ти благодариме за смеата што ни ја донесе во серијата и во нашите животи – Почина актерот од „Пријатели“

Улогата на шанкер во кафулето Централ Перк му донесе светска слава, Џејмс Мајкл Тајлер кон средината на јуни оваа година јавно објави дека се бори со малигна болест веќе три години.

Единствениот член од актерската екипа на „Пријатели“ кој публиката го обожаваше исто колку и основната шесторка, беше Џејмс Мајкл Тајлер – легендарниот Гантер – па светот денеска го погоди веста дека тој починал. Актерот ја загуби битката со ракот на простата, кој беше во четврти стадиум, имаше 59 години.

Улогата на шанкер во кафулето „Central Perk“ му донесе светска слава, а дури кон средината на јуни годинава објави дека три години се бори со малигна болест. Започна со лекување во 2018 година, но веќе на почетокот на летото беше свесен дека најверојатно се ближи крајот

Тој глумеше заедно со Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк, Дејвид Швимер и Метју Пери. „Пријателите“ се простуваат од него на социјалните мрежи, откако се дозна за тажната вест, речиси сите му оддадоа почит на својот починат колега.

Извор: Стил.курир.рс