Фејсбук и Твитер бришат профили поради политички манипулации – ММС
ММС

Објавено на: 08/22/18 7:12 AM

Фејсбук и Твитер бришат профили поради политички манипулации

Фејсбук идентификуваше и забрани стотици лажни профили, групи и страници што се вклучени во кампањата за координирано политичко влијание и имаат за цел влијание врз политика.

Компанијата соопшти дека се избришани 652 страници, групи и профили што се поврзани со Иран и со Русија поради „координирано неавтентично однесување“ што подразбира споделување политички материјал.

Твитер исто така објави дека избришал 284 профили поради „координирани манипулации“ од кои многу очигледно се од Иран.