Израел: Ефикасноста на вакцината на Фајзер/Бионтек во спречувањето на ковид кај адолесцентите е 90 проценти – ММС
ММС

Објавено на: 10/25/21 2:56 PM

Израел: Ефикасноста на вакцината на Фајзер/Бионтек во спречувањето на ковид кај адолесцентите е 90 проценти

Вакцината на Фајзер/Бионтек против ковид-19 е исклучително ефикасна во спречувањето на инфекции меѓу младите од 12 до 18 години, покажува новата израелска студија објавена во медицинското списание Нова Англија.

Како што се покажува, ефикасноста на вакцините во спречувањето нови случаи на зараза меѓу адолесцентите е 90 проценти и 93 проценти во спречување на ширењето на симптоматски инфекции седум до 21 ден од втората доза. Во истражувањето се опфатени 185.000 луѓе односно направена е споредба на 94.000 вакцинирани млади со ист број на неиумнизирани.

Ефикасноста на Фајзер вакцината против делта сојот е исто така потврдена бидејќи студијата е спроведена од јуни до септември годинава, односно во период кога овој сој беше најдоминантен во Израел.  Сепак, нема доволно податоци за да се одреди ефикасноста на оваа вакцина во спречувањето хоспитализација од оваа болест меѓу младите.

Израел е една од првите земји кои почнаа со широка кампања за вакцинација против ковид уште во декември ланската година.

Денес околу 62 отсто од населението во Израел е целосно вакцинирано.

Њујорк тајмс во меѓувреме наведува дека и покрај раниот почеток на вакцинацијата во Израел и фактот дека таму речиси половина од жителите добија и трета, бустер доза, заостанува  зад Јужна Кореја, Италија и 40 други држави.

 

Фото: Илустрација / Unsplash

Извор: danas.rs