Леброн Џејмс втор пат по ред е избран за најомилен НБА кошаркар кај новите играчи во најсилната светската лига.
Засилувањето за Лос Анџелес Лејкерс доби 29 отсто од гласовите во анкетата на „Clutch Points”. Второто место го делат членовите на Голден Стејт, Стеф Кари и Кевин Дурант со по 9 отсто.
По нив следуваат Јанис Адетокумбо од Милвоки, Расел Вестбрук од Оклахома, Крис Пол од Хјустон и Двејн Вејд (моментално без ангажман) со по 6 отсто гласови од дебитантите во НБА.
Во изборот од минатата сезона, Џејмс победи со 31 процент од испитаниците.