Во Кина задолжително вакцинирање за ковид-19 на децата од 3 до 11 години – ММС
ММС

Објавено на: 10/25/21 11:49 AM

Во Кина задолжително вакцинирање за ковид-19 на децата од 3 до 11 години

Децата во Кина од три до 11 годишна возраст ќе се вакцинираат против ковид-19. Во земјата се вакцинирани 76 отсто од граѓаните, а власта спроведува политика на нулта толеранција кон епидемијата. Локалните градски и покраински органи во најмалку 5 провинции најавија дека децата од 3 до 11 години ќе мора да се вакцинираат.
Проширување на кампањата е во момент кога Кина презема нови мерки за да го сузбие ширењето на вирусот. Гансу, северозападната покраина која е могу зависна од туризмот, ги затвори сите туристички места откако беа забележани нови случаи на ковид-19. Жителите во делови на Монголија, пак, добија наредба да не излегуваат од дома.
Во последните 24 часа се откриени 35 нови случаи на локално пренесување на болеста, од кои 4 се во Гансу. Има уште 19 случаи на коронавирус во внатрешни региони на Монголија.
Кина во текот на пандемијата применуваше мерки на карантин и задолжително тестирање и во голема мера ги искорени случаите на локална инфекција, а во целост се вакцинирани 1,07 милијарди лица, од вкупно 1,4 милијарди од вкупната популација.

Извор и фото :ba.n1info