Паркирање на две тркала: Мајсторија или невнимание – Две необични сообраќајќи пред зградата на ЕУ – ММС
ММС

Објавено на: 10/25/21 11:31 AM

Паркирање на две тркала: Мајсторија или невнимание – Две необични сообраќајќи пред зградата на ЕУ

Откако вчера во необична сообраќајна несреќа жена и нејзиниот совозач со автомобил влетале во Канцеларијата на Европската унија која се наоѓа спроти поранешна НИП Нова Македонија, утрово се случи уште побизарна несреќа, но овојпат автомобилот не влезе во ЕУ.

Возач со автомобил удрил во барикадите пред ЕУ и откако скршил неколку, се поткачил на едно од нив со двете десни тркала во воздух.

Нема повредени ниту во двете сообраќајни несреќи, причинета е само материјална штета.

Фото: Вангел Тануровски