РКЕ: Цените на бензините и на дизелот остануваат непроменети – ММС
ММС

Објавено на: 10/25/21 11:25 AM

РКЕ: Цените на бензините и на дизелот остануваат непроменети

Намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29 отсто, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, РКЕ. Со тоа, малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ остануваат исти како и пред седум денови, а цената на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,633 денари за килограм, одлучи РКЕ.

Тоа значи дека, малопродажната цена на Еуросупер БС 95 и натаму ќе биде 76,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 78,5, Еуродизел (Д-Е V) за 68,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)ќе чини 68 денари за литар до крајот на оваа недела. А, со намалување на  малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, тој ќе се продава по цена од 42,377 денари за килограм.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена бележат зголемување, кај бензинот во просек за околу 1,040 отсто, а кај дизелот за околу 0,304 отсто, додека курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,454 отсто.