Немаме право да и се лутиме на Бугарија, рече Мицкоски за спорот со источниот сосед – ММС
ММС

Објавено на: 10/25/21 9:52 AM

Немаме право да и се лутиме на Бугарија, рече Мицкоски за спорот со источниот сосед

„Немаме право да и е лутиме на Бугарија затоа што таа си ги штити интересите. Тоа кое што навистина боли е што нашата Македонија ја  раководат луѓе кои се подготвени да прифатат се и да се пазарат со се“, истакна Христијан Мицкоски на последната средба со граѓаните во Охрид, а го пренесе и бугарската информативна агенција БГНЕС.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека во бугарско-македонските преговори не станува збор за недостиг на разбирање од двете страни, туку недостиг на мудрост од македонската влада.

„ВМРО-ДПМНЕ секогаш се однесувал со почит и пријателство и секогаш ќе подава пријателска рака кон Бугарија, но со целосно право да ги заштити важните интереси на Македонија. А, притисокот кон членовите на Историската комисија од македонскио државен врв водат до раздор и лоши односи. Кога премиерот ги дал ветувањата на Софија, тој не се раководи од неопходноста да ги заштити државните интереси, туку од неопходноста да си купи уште некое време на функцијата“, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО кажа дека односите со соседите ќе се засноваат на взаемна почит и толеранција, а не како што правел лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој се служел со тиркови и измами, ветувајќи се и сешто.

„Бугарија треба да гледа искрен пријател и сосед со кој ќе работиме за нова светла иднина во регионот“, додаде Мицкоски.

Извор: БГНЕС

фото: В. Тануровски