Денеска во Штип примопредавање на функцијата на новиот градоначалник, Иван Јорданов – ММС
ММС

Објавено на: 10/25/21 9:22 AM

Денеска во Штип примопредавање на функцијата на новиот градоначалник, Иван Јорданов

Денеска во Штип ќе се изврши примопредавање на функцијата градоначалник, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ Штип.

Новиот градоначалник Иван Јорданов и неговиот тим, според соопштението од партијата, во 11.30 часот ќе присуствуваат на литургија во црквата Успение на Пресвета Богородица во Ново Село. Потоа следува пешачење од Ново Село до Општина Штип, а точно напладне е предвидено официјално добивање на Уверение од страна на Општинска Изборна Комисија, во големата сала на Совет на Општина Штип.

Примопредавањето е предвидено за 12:30 – соопштија од  Центарот за комуникации на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип.