Илонка (107) е родена во Бачка Топола, а во војводинската престолнина дошла на 16 години и од тогаш живее во новосадската населба Сателит.
Бабата Илонка Ковач на 19. Октомври наполни 107 години и е официјално најстарата жителка на Нови Сад и на Србија.
Ilonka Kovač, koja danas puni 107 godina života, najstarija je stanovnica Novog Sada i Srbije. Za nju će u nedelju, kao i svake godine, biti služena misa u novosadskoj crkvi Imena Marijinog, gde još uvek redovno dolazi na misu sa Satelita, gde stanuje.@micinzarko pic.twitter.com/bvZMxhAu6B
— Marko Tucakov (@Rakijaodmanga) October 15, 2021
Таа инаку стана вистинска атракција кога полнеше 104 години, а тогаш изјави нешто што ги преплави социјалните мрежи.
– Кога наполнив 100 години му реков – до сега јас тоа го правев, но од сега сам подготвувај ја својата соба, низ смеа му кажа Илонка на својот осумдесетгодишен син.
Синот и е неженет и живее со неа. Од ќерките дочекала и чукунвнуци, но никој од нив не живее во Нови Сад.
– Секогаш сум живеела скромно, па и ден денеска, не пијам ни кафе. Секогаш треба многу да се работи, да се биде во движење. Јас цел живот работев многу. Кога не можев да спијам ноќе, везев. И сега си ја одгледувам својата мала бавча и никој не ми помага, вели Илонка.
Потенцира дека чисти, готви и пере, и тоа на рака. Се шегува дека и самата се чуди како живее толку долго.
Повеќе пати сум почувствувала дека дошол крајот, но еве и ден денес сум тука. Ништо не се знае однапред, тоа е момент во кој нешто ќе се случи или нема, вели Илонка.
извор: србијаданас
фото