Џејсон Момоа го погледна трејлерот за новиот филм „Бетмен“ со Роберт Патинсон во главната улога и со својата поќерка Зое Кравитц во улогата Селин Кајл. Признава дека е претерано ентузијастичен татко и возбудено прераскажува: „И пратив порака и ја пратив дали можам да објавам и да му кажам на светот колку сум горд. Таа можеби тоа не го сака, па чекам одговор“.
Момоа и сопругата Лиса Бонет се во брак од 2017 година, но во врска се многу подолго. Таа има 32 годишна ќерка од бракот со Лени Кравитц, а заедно имаат уште две заеднички деца, син и ќерка.
За „Fatherly“ Момоа зборува за тоа што за него значи да се биде татко.
„Навистина не знам што сум правел пред да добијам деца. Тоа е смислата на животот за мене. Сакам што сум татко, животот е толку поубав откако ги имам своите деца. Само се обидувам да направам добри луѓе од нив, кои ќе донесуваат правилни одлуки.“ – вели актерот.
На прашање влијае ли неговото татковство на начинот на кој пристапува кон својата работа и улогите, тој одговара: „Не сум имал среќа како глумец на почетокот. Во првиот дел на мојата кариера прашање беше егзистенцијата. Значи го немаше тоа, ‘ох не сакам да го работам ова и она’. Сега сум многу среќан што можам тоа да го правам. Така да мислам дека навистина се обидувам да работам нешта кои моите деца можат да ги гледаат“.
„Глумев прилично лоши, диви фраери, но убаво е да се работат и забавни улоги, да се снимаат комедии. Снимав една претходната зима и беше многу забавно, децата беа таму и беше весело. Многу е интересно кога на снимањето ги гледам како се смеат и гледаат како глумам“ – додава Момоа.