Се повеќе европски земји ставаат бодликави жици поради мигрантите, Германија ги брани – ММС
ММС

Објавено на: 10/24/21 7:16 PM

Се повеќе европски земји ставаат бодликави жици поради мигрантите, Германија ги брани

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зихофер ја оцени како „легитимна“ желбата да се заштитат границите, додека европските земји бараат помош од ЕУ за подигање ѕидови од бодликави жици и спречување на масовно доаѓање на мигранти.

Полска бараше 350 милиони евра и мобилизирала илјадници војници на границите поради изградба на ограда на својата граница со Белорусија.

На прашањето за потребата за оваа ограда која ја изгради Полска, министерот за внатрешни рабпти изјави за „Билд“ дека е легитимно да се штити надворешната граница на ЕУ со цел да се спречат илегалните преминувања.

Илјадници мигранти, главно од Блискиот исток, се обидоа да ја преминат границата од август, во миграцискиот потез за кој ЕУ вели дека Белорусија го поттикнала како одговор на санкциите од ЕУ.

Литванија исто така почна да става ограда од бодликава жица на својата граница со Белорусија, а министрите за внатрешни работи на 12 земји (Австрија, Бугарија, Кипар, Данска, Естонија, Грција, Унгарија, Литванија, Латвија, Полска, Чешка и Словачка), на седми септември и побараа на ЕУ да ги финансира ваквите градби.

Во петокот претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен одговори дека ЕУ нема да финансира „бодликави жици и ѕидови“ на границите.

Зихофер предупреди дека ќе ја заострат контролата на границите со Полска и дека полициски сили со 800 лица се веќе распоредени, а ако биде потребно ќе постави повеќе.

Според податоците на германското министерство за внатрешни, околу 5700 лица илегално ја поминале границата меѓу земјата и Полска од почетокот на годината.

Зехофер, кој го исклучи затварањето на границите со Полска, минатата недела му предложи на својот полски колега да ги појачаат заедничките патроли долж границата.

 

извор:индекс.хр