Папата Франциск апелираше државите да не ги враќаат мигрантите назад во небезбедни земји како што е Либија, каде патат во нехумани услови слични на оние во концентрационите логори.
Папата ја упати оваа порака во време кога лидерите на ЕУ се обидуваат да постигнат договор за мигрантското прашање , кое допринесува за раст на националистичките и популистичките групи ширум блокот.
„Мораме да запреме со враќањето на мигрантите во земјите кои не се безбедни“ – рече Папата потенцирајќи дека на „илјадници мигранти, избеглици и останати, им е потреба заштита во Либија“.
Папата побара од меѓународната заедница да ги исполни дадените очекувања за пронаоѓање трајно решение против приливот на мигранти од Либија и Средоземјето.
извор: Н1