Вчера во Нова Градишка, Хрватска беше откриен споменик во чест на Тоше, но веднаш по откривањето не престана реакции од балканската јавност. Она што ги испровоира лугето е , како што пишуваат, дека ликот од споменикот воопшто не личи на Тоше и дека „среќа што пишува инаку не би го препознале“.
View this post on Instagram
На откривањето присуствуваа нашиот абмасадор во Хрватска, Милаим Фетаи, градоначалникот на Нова Градишка, Винко Гргиќ и градоначалникот на Крушево, Томе Христовски.
Svečano otkriven spomenik u čast Toši Proeskom! #toseproeski https://t.co/YhByC3uNMo Izvor: @scena_hr
— scena.hr (@scena_hr) October 23, 2021
Споменикот го изработи скулпторот и уметник Славко Буниќ, а идејата и одлуката да се направи камена статуа на Тоше потекна од компанијата „Техникс“ и нејзиниот претседател Ѓуро Хорват, кои имаат развиено долгорочна еколошка соработка со македонски компании.
Погледнете како изгледа споменикот и дел од коментарите: „Намерата е добра, но воопшто не личи на Тоше“, „Добро е што се напиша дека е Тоше“, „Ако ова е Тоше, тогаш јас сум Пленковиќ (Андреј Пленковиќ, премиер на Република Хрватска), „Ни Македонците не би го препознале“, „Кога незапослен поп крштева деца, ова е резултатот“.
Хрватските медиуми го пренесуваат истото: „Не сум видел ништо пострашно. Дали се натпреварувате кој ќе направи „подобра“ карикатура?“, „ Зарем ни малку не го цените овој прекрасен човек?“, „ Што е ова? Фарса? Не ли ви е срам?“, „ Отстранете го ова затоа што сите ви се смеат“, „Немам срце да се смеам затоа што е премногу тажно“, „Да се уништи ликот на Тодор Проески на таков начин е толку болно што ми е тешко да ги најдам вистинските зборови за да го опишам овој срам“, е коментарот на изнервиран фан. „ Да не беше напишано Тоше, никогаш немаше да погодиме кој е“, напиша друг. „Ако ова е Тоше Проески, јас сум Лепа Брена“, е друга реакција. „Прво ми заличе на Тома Здравковиќ“, „Добро е, па уметникот изгравирал „ТОШЕ“, инаку колапс“, е друга реакција од шокираните фанови.
Фото: hitrecords.hr