(Видео) „Ако е ова Тоше, јас сум Џон Траволта и Македонците не би го препознале“ – Балканот шокиран од споменикот на нашиот ангел – ММС
ММС

Објавено на: 10/24/21 6:01 PM

(Видео) „Ако е ова Тоше, јас сум Џон Траволта и Македонците не би го препознале“ – Балканот шокиран од споменикот на нашиот ангел

Вчера во Нова Градишка, Хрватска беше откриен споменик во чест на Тоше, но веднаш по откривањето не престана реакции од балканската јавност. Она што ги испровоира лугето е , како што пишуваат, дека ликот од споменикот воопшто не личи на Тоше и дека „среќа што пишува инаку не би го препознале“.


На откривањето присуствуваа нашиот абмасадор во Хрватска, Милаим Фетаи, градоначалникот на Нова Градишка, Винко Гргиќ и градоначалникот на Крушево, Томе Христовски.

Споменикот го изработи  скулпторот и уметник Славко Буниќ, а идејата и одлуката да се направи камена статуа на Тоше потекна од компанијата „Техникс“ и нејзиниот претседател Ѓуро Хорват, кои имаат развиено долгорочна еколошка соработка со македонски компании.

Погледнете како изгледа споменикот и дел од коментарите: „Намерата е добра, но воопшто не личи на Тоше“, „Добро е што се напиша дека е Тоше“, „Ако ова е Тоше, тогаш јас сум Пленковиќ (Андреј Пленковиќ, премиер на Република Хрватска), „Ни Македонците не би го препознале“, „Кога незапослен поп крштева деца, ова е резултатот“.

Хрватските медиуми го пренесуваат истото: „Не сум видел ништо пострашно. Дали се натпреварувате кој ќе направи „подобра“ карикатура?“, „ Зарем ни малку не го цените овој прекрасен човек?“, „ Што е ова? Фарса? Не ли ви е срам?“, „ Отстранете го ова затоа што сите ви се смеат“, „Немам срце да се смеам затоа што е премногу тажно“, „Да се ​​уништи ликот на Тодор Проески на таков начин е толку болно што ми е тешко да ги најдам вистинските зборови за да го опишам овој срам“, е коментарот на изнервиран фан. „ Да не беше напишано Тоше, никогаш немаше да погодиме кој е“, напиша друг. „Ако ова е Тоше Проески, јас сум Лепа Брена“, е друга реакција. „Прво ми заличе на  Тома Здравковиќ“, „Добро е, па уметникот изгравирал „ТОШЕ“, инаку колапс“, е друга реакција од шокираните фанови.

 

Фото: hitrecords.hr