Стотици затвореници побегнаа кога вооружени напаѓачи го нападнаа затворот во нигериската држава Ојо, соопштија тамошните власти. Портпаролот на затворот истакна дека 837 затворенци побегнале по нападот во петокот вечерта во затворот во округот Аболонџо.
Потврдено е дека од тогаш 263 затвореници се пронајдени, а 575 и понатаму се водат за исчезнати.
Петочниот напад е трет оваа година во Нигерија, каде бегствата од затвор се се почести, а полицијата успева да фати само дел од избеганите.
Од 2017 до јули годинава најмалку 4.307 затвореници побегнале од затвор.
Во нигериските затвори казна отслужуваат околу 70 илјади, но според владините податоци, само околу 20 илјади од нив се осудени.
извор: нова