Германија ги стави Хрватска и Бугарија на листата на високоризични земји – ММС
ММС

Објавено на: 10/24/21 3:52 PM

Германија ги стави Хрватска и Бугарија на листата на високоризични земји

Германија ги стави Хрватска и Бугарија на листата на високоризични подрачја, па лицата кои не се вакцинирани или немаат прележано коронавирус, по повраток од овие земји ќе мора да одат во карантин најмалку пет дена.

На оваа листа на Институтот Роберт Кох за контрола на болести, се наоѓаат уште три земји членки на ЕУ, Романија, Литванија и Словенија.

Во Европа расте бројот на новозаразени и хоспитализирани лица.

Германија прогласи околу 70 земји за високоризични. Лицата кои немаат прележано ковид или не се целосно вакцинирани, по враќањето во земјата треба да поминат 10 дена во карантин. Овој период може да се скрати доколку лицето се тестира по пет дена и е негативно.

На листата на високоризични земји се додадени и Камерун, Сингапор и Конго, а Косово, Ирак и Хондурас се отстранети.

 

извор:Н1