Планиран беше атентат врз Вучиќ, вели премиерката Брнабиќ – ММС
ММС

Објавено на: 10/24/21 12:47 PM

Планиран беше атентат врз Вучиќ, вели премиерката Брнабиќ

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ изјави дека било планирано убиство на претседателот Александар Вучиќ, а наводите за негово прислушување и аферата „Јовањица“ се обид за државен удар.

„Планирано е долго и детално. Формирани се паралелни структури во Министерството за врнатрешни работи и водени се кампањи во тајкунските медиуми, кои им пренесуваа на медиумите во регионот со цел Вучиќ да се дехуманизира и од него и неговото семејство да се направи криминален клан“ – изјави Брнабиќ за „Пинк“.

Таа вели дека бил планиран атентат на Вучиќ на откривањето на споменикот на Стефан Немања во Белград, на 27 јануари годинава, но не наведе детали и зошто обвинителството не покренало постапка против одговорните.

„Кога би го стрелале Вучиќ, тие би направиле наратив дека тоа е природно. Како во којзнае што да се вмешани тој и неговото семејство. Многу работи се случуваа во МВР, монструозно е колку добро била поврзана таа мрежа“ – рече Брнабиќ.

Таа нагласи и дека надлежните служби се занимаваат со ваквите случаи и оти нема да има заштитени лица, без оглед на „името и презимето, функцијата и партиската припадност“.

„Знам дека Српската напредна странка е единствената во историјата на Србија која вели сите да се третираат еднакво и да нема заштитени“ – потенцира Брнабиќ.

Таа вели дека над Вучиќ се врши притисок со тоа што се напаѓа неговиот син Данило, бидејќи нема замерки за економските и политичките прашања.

„Знаете што му е слаба точка и удирате на Данило. Вие криминализирате еден млад дечко, тој постојано е на насловните страници на тајкунските дневни весници“ – додава Брнабиќ.

 

извор:нова