Мене лично ми беше срам – Славко Штимац за познатата сцена од „Варљиво лето“ – ММС
ММС

Објавено на: 10/23/21 6:41 PM

Мене лично ми беше срам – Славко Штимац за познатата сцена од „Варљиво лето“

„Варљиво лето лето ’68“ на режисерот Горан Паскаљевиќ е секако еден од најпрепознатливите филмови на поранешна Југославија. Сцените од ова остварување многумина ги паметат, како онаа кога главниот лик Пера ја масира атрактивната пекарка Јагодинка Симоновиќ во пекара.

Младиот Петар го играше Славко Штимац, кој во интервју за „Објектив“ се присети на тие кадри.

– Воопшто не ги сакам сите тие љубовни сцени, не сакам да ги снимам и нема врска со изборот на партнери во филм или серија во која глумам. Едноставно, кога нема хемија, нема потреба од такви сцени – рече Штимац и продолжи:

– Конкретно таа сцена со Јагодинка испадна како што очекував. Очигледно тоа е она што најмногу го интересира. Мене лично ми беше срам да се видам подоцна во таа сцена, но тоа е глума, со тек на време се навикнуваш – изјави Славко Штимац во споменатото интервју.

Извор: Телеграф.рс