Маж на триесет и тригодишна возраст е пријавен за исчезнат во Дебар.
– Вчера во Секторот за внатрешни работи – Охрид, Ј.Т.(35) од Дебар, пријави дека од семејниот дом се одалечил нејзиниот сопруг Н.Т.(33). Одделението за внатрешни работи во Дебар презема мерки за негово пронаоѓање, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР-Охрид.
Од СВР-Охрид информираат дека Н.Т. од домот се оддалечил пред неколку дена и не одговарал на телефонските повици.
Димоски, исто така инфирмираше дека во рамки на редовните контроли во сообрајќајот синоќа од 22 до 6 часот полициските службеници регистрирале и санкционирале 4 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол.
МИА