Вчера во 08.30 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на ул.„Пешо Самарџиев“ во Неготино, патничко возило „ауди А6“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.Н.(44) од Неготино, удрило во пешакот М.Ј.(63) од Неготино.
Во несреќата, М.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Неготино. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Неготино.