Рафинираните масла, путерот и сличните масти се дел од секојдневната исхрана на секој од нас. Сепак, експертите се почесто предупредуваат дека е подобро да се користат поздрави масти.
Како поздрава алтернатива се нуди маслиновото масло, а не би било лошо да потсетиме дека и Светската здравствена организација медитеранската исхрана ја оценува како еден од најздравите видови на храна во светот и ја препорачува на сите кои сакаат да живеат здрав живот.
„Екстра девственото маслиново масло е многу подобро и поздраво бидејќи е најмалку обработено. Благодарение на подигањето на свеста за здравјето и исхраната, се повеќе и повеќе источни земји го воведуваат маслиновото масло во нивните дневни препораки“, изјави Сомија Б. Хегд, експерт за фитнес и слабеење.
Здравствените придобивки од користењето на маслиново масло се големи, а ова се само некои од нив:
Добро е за срцето
Истражувањата покажаа дека медитеранската исхрана, која вклучува најмалку четири лажици маслиново масло дневно, го намалува ризикот од срцеви заболувања, срцев удар и мозочен удар и го намалува крвниот притисок.
Хегд нагласува дека, дури и ако не се држите до овој тип на диета и ако започнете да користите лажица маслиново масло дневно со секој оброк, ќе го постигнете саканиот ефект.
Богат е со антиоксиданси
Бидејќи е богато со полифеноли, маслиновото масло го блокира негативното дејство на слободните радикали.
Тие ги оштетуваат протеините, ДНК, го зголемуваат ризикот од дијабетес, срцеви заболувања и деменција. Богат е со мононезаситени киселини, витамин Е и витамин К кој е добар за кожата.
Ја подобрува меморијата и активноста на мозокот
Екстра девственото маслиново масло го спречува развојот на Алцхајмерова болест, а дополнително ја подобрува меморијата и функцијата на мозокот преку спречување на невродегенеративни болести.
Помага при слабеење
Одржувајќи го нивото на шеќер во крвта стабилно, го потиснува силниот глад. Бидејќи нема многу калории, слободно можете да користите маслиново масло во преливи за салата, но и во готвење.
Го подобрува расположението и ја спречува депресијата
Хранливите состојки во маслиновото масло го подобруваат расположението. Здравите масти имаат добар ефект врз централниот нервен систем со ослободување на серотонин, хормон кој го подига расположението.
Го намалува воспалението
Маслиновото масло е добро за артритис, особено за ревматоиден. Мононезаситените масти во маслото го намалуваат воспалението, пишува Пинк Вила.
Извор: Рс.н1инфо.ком
Фото: Pixabay.com