(ВИДЕО) Стадион пред вториот круг на Локалните избори: Оливер Илиевски и Максим Димитриевски за Куманово и Стевче Јакимовски за Карпош – ММС
ММС

Објавено на: 10/23/21 12:12 PM

(ВИДЕО) Стадион пред вториот круг на Локалните избори: Оливер Илиевски и Максим Димитриевски за Куманово и Стевче Јакимовски за Карпош

Кандидатот за градоначалник за општина Карпош од ГРОМ, Стевче Јакимовски во гостувањето на емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77, на прашањето од новинарот дали Јакимовски соработува со СДСМ за да им заврши работа во Карпош, за да им земе гласови на ВМРО ДПМНЕ, рече дека досега такви гласини не допреле до него.

„За такви озборувања за јас да му завршам работа на  СДСМ, прв пат слушам, до мене такви гласини не допреле. Јас сум човек кој никогаш не работи нешто за да му направам некому услуга, ниту тоа го правев 2013 година кога одлучив да излезам на Локалните избори, одлучив затоа што сметав дека тоа е интерес на граѓаните., и сега повторно сметам така, гледајќи ја состојбата на терен и анкетите што покажуваат“, истакна Јакимовски во „Стадион“.

Во своето излагање Јакимовски ја истакна дискриминирачката страна на Законот за медиумското претставување.

„Морам да кажам за страшно дискриминирачкиот закон за медиумско претставување, дали ме видовме мене на реклама, портал? – Јас не сум поддржан кандидат од ВМРО ДПМНЕ. Ниту знаат од ДИК да ја најдат формулата, дури сега јас ќе имам право на некој 3 до 4 илјади евра, во вториот круг ми следува 1 евро по гласач, од тоа 7% колку е, тоа ќе биде за моето рекламирање. Бадијала ги правев тие спотови. Ова не смее така да биде.  Ние сметаме дека треба да бидеме заедно во колачот со ВМРО ДПМНЕ, а ДИК смета дека треба да бидеме во колачот со оние 7%. Законите ги правиме да одговараат само на големите политички партии, зкаонот е нерамноправен и мора да претрпи измени“, истака Јакимовски.

На новинарското прашање зошто во ветувањата нема рационализација или намалување на администрацијата, Јакимовски смета дека има сектори имаат недостаток и сектори кои имаат преоптеретеност.

„Има превработеност во локалната самоуправа, но има дел од вработените погодово во правните служби, во делот на урбанизмот, во делот на финансиите, кабинетот на градоначалникот, комуналното уредување тие што треба да ги реалзиираат проектите на терен, тие служби се преоптеретени. Има и служби кои се порелаксирании точно е дека има превработеност. Ако се работи домаќински има пари за се да се плати и администрација да се плати и да се инвестира“, смета Јакимовски.

Кандидатот за градоначалник на Куманово, Оливер Илиевски од редовите на СДСМ, во „Стадион“ зборуваше околу резултатите од првиот круг на Локалните избори 2021.

„Граѓаните не се толку заинтересирани за политика затоа ние од 2016 година секои изборни циклуси имаме пад на гласовите на излезноста. Во 2017 година ВМРО ДПМНЕ имаше најголем пад на гласови. За претседателските избори СДСМ имаше пад на гласови, оваа година на локалните избори има најмала излезеност, не затоа што ВМРО ги покачи гласовите, туку СДСМ има поголем пад на гласови од ВМРО ДПМНЕ и тоа е нормално кога сте на власт. Граѓаните ќе очекуваат многу повеќе од вас, отколку од опозицијата. Граѓаните на овие Локални избори треба да гласаат за локалните проекти, да не потпаѓаат под влијание на високи политики, затоа што градоначалникот сепак треба да биде менаџер на градот, да го управува буџетот на општината, правилно да го насочува за потребите на граѓаните, а високите политики да ги оставиме на партиите на централно ниво, затоа што од такви политики граѓаните нема да имаат никаква корист, туку само штета.  Затоа што градоначалникот своето работно време треба да го насочи кон локалните прокети и да биде меѓу граѓаните, а не да води висока политика“, појасни Илиевски.

За својот против кандидат Максим Димитриевски, Иливески му порача да се занимава со локални проблеми, а не со висока политика.

„Мојот против кандидат Димитриевски беше пратеник и можеше да остане пратеник за да води висока политика, тој се одлучи да стане градоначалник на Куманово и треба да се занимава со локалните проблеми на општина Куманово“, рече Иливески.

Општина Куманово за четири години има оперативен буџет за реализиација на инфраструктурни проблеми, за минатиот мандат имаше околу 14 милиони евра, од кои 2 милиони евра општината врати стари долгови, 2 милиони евра врати Владата, остануваат 12 милиони евра за инвестиции, а не е точно дека општина Куманово должела 11,5 милиони евра, затоа што во дописот што го има дадено до Владата во 2018 година за раздолжување на општината точно има наведено дека има 4,2 милиони евра, рече Илиевски.

За пренатрупаноста на администрацијата во локалната самоуправа Илиевски истакан дека менаџментот на човечки ресурси во 21 век е една од најважните работи и тука треба најмногу да се води сметка за мотивираноста на самите вработени во локалната самоуправа.

„За да ги извршуваат работните задачи и да земаат иницијатива се со цел самиот да биде мотивиран на работното место. Мислам дека има вработени кои и сектори кои се оптеретени во општината, точно е тоа дека правниот сектор, секторот урбанизам имаат многу специфична работа. Локалната самоуправа и администрацијата треба да им служат на граѓаните, а не да биде обратен процесот. Планираме да направиме еден кол центар, каде што ќе се пријавуваат сите комунални проблеми на едно место каде што ќе може преку телефонски број, преку емеил или во хартиена форма на лице место. Треба да има процедура за колку време треба да му се одговори на граѓанинот,  бидејќи и негативен одговор е одговор и секој граѓанин ќе треба да знае да си планира понатаму што треба да прави“, истакна Илиевски.

Максим Димитриевски против кандидатот во вториот изборен круг на Илиевски за изборната кампања во „Стадион“ истакна дека граѓаните се изнаслушале се и сешто и најразлични ветувања.

„Дури и до субвенционирање на полагање на возачки испит и како што во една прилика најави мојот против кандидат, па јас очекувам во наредната прилика да почне да им купува  возила на граѓаните. Не е реално да се каже комплетно бесплатен превоз, бидејќи барем за Куманово тоа е неодржливо, но со дел на субвенционирање на  јавниот превоз, бесплатен за пензионерите и студентите  бидејќи ние веќе во моментов субвенционираме јавен превоз за пензионери од  најниската категорија на примања  и зошто да не и за остнатите.  Првенствено Куманово треба да направи нов договор, компетентна фирма  или повеќе фирми за вршење на јавен превоз на услуги, бидејќи ние немаме јавно претпријатие за вршење на јавен превоз  како што тоа го има во Скопје“, истакна Димитриевски.

Тој вели за овие Локални избори пораката од граѓаните е испратена до сите политички субјекти и сите политичари.

„Граѓаните дефинитивно се чувстуваат разочарани од погубните политики , треба да сме објективни и да го почитуваме тоа што го мислат граѓаните за сите нас. Но верувам дека сепак на овие избори во Куманово граѓаните препознаа која е најдобрата опција која што ќе продолжи да ги води во следнот период, а дополнително ќе ја дадам и вложам целата своја енергија да ги придобијам и останатите мои сограѓани кои што не ми дадоа поддршка, бидејќи ова сепак доаѓа од граѓаните  и исклучиво за граѓаните. И никогаш нема да може да се случи Илиевски да влезе во кабинет како секретар на општинска организација да донесе кадровска листа врз база на субјкетивното негово согледување или група на луѓе кои што направија трансформација на една сериозна политичка партија“, истакна Димитриевски.

„Пиев кафе со сите мои против кандидати кои што испаднаа во првиот изборен круг, немаше такви констатации од страна на господинот Михајловски, можам да кажам дека бројката која што ја има постигнато е респектабилна бидејќи ако ги иземете гласовите на мојата СДСМ во Куманово од вкупниот резултат кој што го доби Иливекси, гласовите на ДУИ и на другите политички субјекти со албански предзнак ќе дојдете до некоја реална бројка  ито така околу 8000 гласа на СДСМ и коалиционите партии што е многу ниска бројка“, рече Димитриевски.

Тој истакна дека нема средби со никој од ВМРО, тој јавно ја побарал поддршката од сите граѓани, и вели евидентна е поддршката од граѓаните без разлика на црната кампања на етнички основ.