Ова е мрачен ден – Филмскиот свет тагува за снимателката која ја усмрти Болдвин – ММС
ММС

Објавено на: 10/22/21 8:59 PM

Ова е мрачен ден – Филмскиот свет тагува за снимателката која ја усмрти Болдвин

Бројни познати имиња од светот на филмот се огласија на социјалните мрежи за да ја изразат својата тага откако светот беше шокиран од веста за трагичната несреќа на снимањето на „’Рѓа“, во која актерот Алек Болдвин пукаше од филмски пиштол и ја усмрти снимателката Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза.

„Апсолутно ужасни и поразителни вести за снимателката Халина Хачинс. Моето срце е со нејзиното семејство“, напиша американскиот актер Елајџа Вуд на Твитер.

Актерката Патриша Аркет напиша на Твитер: „Моето срце е со семејството на Халин Хачинс. Каква шокантна загуба. Испраќам молитви до Џоел Соузи. Сигурна сум дека сите се уништени“.

Семејствата на жртвите добија поддршка и од семејството на Брендон Ли, кој на сличен начин беше трагично убиен за време на снимањето на филмот The Crow. „Нашите срца се со семејствата на Халин Хачинс и Џоел Соуза и сите инволвирани во инцидентот на снимањето на Руст. Никој никогаш не треба да биде убиен со пиштол на филмски сет“, напишаа тие на Твитер.

Меѓу ожалостените е и режисерот Џејмс Ган. „Мојот најголем страв е дека некој ќе биде трагично убиен на еден од моите сетови. Се молев тоа никогаш да не се случи. Моето срце е со оние кои беа погодени од оваа трагедија, а особено со Халина Хачинс и нејзиното семејство“, напиша режисерот.

Актерот и режисер Алекс Винтер верува дека филмската екипа мора секогаш да биде безбедна на снимањето. „Најдлабоко сочувство до семејството и пријателите на Халин Хачинс. Екипажот никогаш не треба да биде несигурен на снимањето, а кога е така, секогаш постои јасно дефинирана причина зошто“, напиша тој.

Режисерот Пол Феиг истакна дека ова е црн ден за филмскиот свет. „Само што се разбудив во Лондон по ужасната вест за несреќа која толку трагично го однесе животот на Халина Хачинс. Невозможно е да се разбере. Без зборови, навистина. Ова е многу мрачен ден за нашата индустрија“, напиша тој на својот Твитер. профил.

Извор: Индекс.хр