(ВИДЕО) Богдан се всели во вилата на Цеца – Секоја вечер спие кај пејачката – ММС
ММС

Објавено на: 10/22/21 8:01 PM

(ВИДЕО) Богдан се всели во вилата на Цеца – Секоја вечер спие кај пејачката

Најголемата ѕвезда на естрадата Светлана Цеца Ражнатовиќ ужива во врската со помладото момче Богдан Срејовиќ и секој нивни чекор е следен. Многумина се прашуваа што правеше Богдан додека Цеца ја снимаше емисијата „Ѕвездите на Гранд“.

Екипата на „Папарацо лов“ решила да види што прави ова момче и го следеле седум дена, а по се изгледа Богдан се преселил да живее во луксузната вила на Цеца.

Богдан утрото ја напуштил вилата и отишол во трговскиот центар каде уживал во шопинг, а потоа седел со пријателите. Набргу се упатил дома, каде ја чекал Цеца додека била на снимање.

Следниот ден Богдан излегол од вилата за да се види со некој пријател, додека Цеца скоцкана од глава до пети тргнала на уште едно снимање. Вечерта оваа двојка се вратила во својот дом на Дедиње, поради што многумина се посомневале дека Богдан дефинитивно се вселил во куќата на Цеца, а сето тоа го снимиле камерите на „Папарацо лов“.

Извор: Република.рс