Додека спиел, му го украле автомобилот од семејниот двор – ММС
ММС

Објавено на: 10/22/21 3:44 PM

Додека спиел, му го украле автомобилот од семејниот двор

Од семеен двор во каменичкото село Тодоровци украден е автомобил. Како што информираат сопствениците на украденото возило, настанот е регистриран во 5 часот утрото, по што е известена полицијата.

-Украденото возило е „форд фокус“ со сива боја и регистарски таблички МК 0927 АВ. Aпелираме доколку некој го забележи да ја извести најблиската полициска станица, истакнаа од семејството чие возило е украдено.

Според неофицијални извори, по грабежот на возилото, забележани се едно женско и две машки лица на надворешните камери кај мотел „Мерак“ каде исто така утрово имало обид за кражба.

Од полицијата во Македонска Каменица го потврдија случајот со кражбата на возилото, информирајки дека се трага по сторителот/-ите, за што дополнително ќе информираат.

МИА