На 107. Самит во Брисел, со внатрешна церемонија, денеска лидерите на ЕУ се простија од Ангела Меркел, за која ова беше последниот европски самит на позицијата германска канцеларка. Таа беше придружена со аплауз од највисоките претставници на земјите-членки и од институциите на ЕУ.
Според изјавата на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, Самитот на ЕУ без Меркел, ќе биде како Рим без Ватикан или Париз без Ајфеловата кула, а Меркел дека ќе недостасува со нејзината мудрост, особено во сложени ситуации.
Како посебни квалитети на германската канцеларка, тој ги спомена мејзината љубезност, интелектуалната љубопитност, присебност и едноставност.
Како симболичен подарок за збогум, на Меркел и беше подарена уметничка презентација на зградата „Европа“, каде се одржуваат состаноците на лидерите на ЕУ.
Објавено на: 10/22/21 2:53 PM