Да си поднесат оставка и останатите членови на историската Комисија, повика Мицковски шокиран од заминувањето на Ванчо Ѓорѓиев – ММС
ММС

Објавено на: 10/22/21 2:25 PM

Да си поднесат оставка и останатите членови на историската Комисија, повика Мицковски шокиран од заминувањето на Ванчо Ѓорѓиев

Шокиран сум од веста дека Ванчо Ѓоргиев поднел оставка од член на македонско-бугарската Комисија за историски и образовни прашања, изјави денеска во Битола, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека ако е вистина тоа оти „некој меѓу двата изборни круга одлучува да распродава дел од македонскиот идентитет и да ја продава Македонија и на сметка на тоа политички да опстане”, тогаш тој „навистина е шокиран”.

– Веднаш повикувам и останатите членови на Комисијата која преговара, да ја следат постапката на професорот Ванчо Ѓоргиев. Ние имаме јасна Декларација во Парламентот и очекувам да се држат до Резолуцијата што ја усвои македонскиот Парламент. Очекувам личните и бизнис интереси да бидат оставени на страна и апелирам до членовите на историската комисија за трезвеност, патриотски чувства, затоа што ова се чувствителни моменти за македонскиот народ и да внимаваат што преговараат и што потпишуваат, изјави Мицкоски.