Бонус за лекарите ако промовираат вакцинација- Проект на словенечката Влада – ММС
ММС

Објавено на: 10/22/21 11:16 AM

Бонус за лекарите ако промовираат вакцинација- Проект на словенечката Влада

Словенечката влада усвои проект за забрзување на стапката на вакцинација против Ковид-19. Проектот ќе треба да обезбеди поттик за општите лекари и нивните тимови активно да ја промовираат вакцинацијата.

Имено, лекарите ќе имаат право на бонуси доколку најмалку 45% од нивните регистрирани пациенти постари од 50 години ја примиле првата доза или барем 55% биле целосно вакцинирани, пренесува словенечката агенција СТА.

Целта на проектот е да се зголеми стапката на вакцинација, особено кај лицата постари од 50 години, соопшти словенечката влада по вчерашната седница.

Наградите ќе бидат достапни само за оние здравствени работници во тимовите за семејна медицина кои ќе поминуваат најмалку два часа неделно на дополнителни активности, како што се активен пристап до индивидуални пациенти, промовирање на вакцинација и учество во локални активности.

espreso.co.rs