Туширањето со студена вода наутро ја подобрува функцијата на мозокот – ММС
ММС

Објавено на: 10/22/21 11:05 AM

Туширањето со студена вода наутро ја подобрува функцијата на мозокот

 

Утринското туширање со студена вода е најдобрата работа која можете секој ден да ја правите во корист на своето здравје. Холандскаа студија покажа дека луѓето кои се тушираат со студена вода во помала мера изостануваат од работа поради болест во споредба со луѓето кои се тушираат со топла вода.

Студијата опфатила повеќе од три илјади луѓе, а причината зошто студената вода го намалува ризикот од болести се’ уште не е сосема позната. Некои истражувачи сугерираат дека студената вода би можела да го зајакне нашиот имунолошки систем.

Студија од Чешка пак, открива дека кај младите кои се занимааат со спорт и три пати неделно во период од шест недели се тушираат со студена вода, се зајакнува имунолошкиот систем. Студената вода исто така го активира симпатичкиот нервен состав, а тоа го зголемува нивото на хормонот норадреналин. Ваквиот хормон предизвикува зголемен број отчукувања на срцето кај луѓето кои се тушираат со студена вода, која исто така ја подобрува и циркулацијата, а некои студии нотираат дека тоа придонесува и во губењето килограми.

Значи, студената вода може да има и бројни психички предности, бидејќи кога водата ќе дојде во контакт со вратот или лицето се подобруваат мозочните функции.

 

Извор:  b92.net