Саша Поповиќ пред бракот бил во врска со познатата пејачка – На нејзината свадба сопругата го фатила бидермаерот – ММС
ММС

Објавено на: 10/21/21 6:47 PM

Саша Поповиќ пред бракот бил во врска со познатата пејачка – На нејзината свадба сопругата го фатила бидермаерот

Саша Поповиќ повеќе од 20 години е во среќен и хармоничен брак со пејачката Сузана Јовановиќ, а за неговиот љубовен живот пред бракот малку се знае.

Она што е речиси непознато за јавноста е врската што Саша ја имаше со пејачката Злата Петровиќ со која остана во добри односи по раскинувањето.

Поранешните љубовници и денес се во контакт, а Злата е во добри односи и со сопругата на Саша, Сузана Јовановиќ, која своевремено коментираше:

„На нејзината свадба јас бев таа што го фати бидермаерот. Веднаш потоа се омажив за Саша“, рекла таа.

Вака Злата Петровиќ проговори за врската со Саша Поповиќ:

“Толку многу се заљуби во мене што не можеше да помине ниту еден ден, а да не се видиме. Беше прекрасен, посветен, грижлив. Мило ми е што и денес сме големи пријатели. Многу ја сакам и ценам неговата сопруга, а Сале е одличен професионалец и најдобар човек на светот“, изјави претходно Злата за медиумите.

Извор:Мондо.рс