Ги откажа сите настапи – Селин Дион е во тешка здравствена состојба – ММС
ММС

Објавено на: 10/21/21 5:19 PM

Ги откажа сите настапи – Селин Дион е во тешка здравствена состојба

Светската пејачка Селин Дион објави дека го откажува својот настап во Лас Вегас, кој требаше да започне во ноември, поради здравствени причини.

„Треба да се концентрирам на моето здравје за брзо да се подобрам, ќе го надминам ова што е можно поскоро“, рече канадската ѕвезда во изјавата објавена на нејзините социјални мрежи, додавајќи дека „срцето и е скршено“ поради таа ситуација.

Селин Дион страда од силни и упорни грчеви во мускулите што ја спречува да излезе на сцена и да учествува на проби.

Нејзините настапи во Лас Вегас за 5 и 20 ноември, 19 јануари и 5 февруари 2022 година беа откажани, но пејачката се надева дека ќе може да продолжи да настапува на 9 март 2022 година.

„Особено ми е жал што ги разочарав сите мои обожаватели кои планираа да дојдат во Лас Вегас“, напиша таа.

Извор: Бета.рс

Фото: Профимедиа