Ако мислевте дека само жените оптеретуваат со работи како староста и физичкиот изглед, се лажете. Мажите се подеднакво несигурно околу истите работи, а често толку се срамат па токму и за тие работи често знаат да излажат.
Повеќе или помалку килограми
Иако жените ретко зборуваат дека имаат повеќе килограми отколку што навистина имаат, мажите често ја зголемуваат таа бројка посебно ако се поприлично слаби. Едно истражување покажало дека 60% од мажите ја намалуваат, а 40% ја зголемуваат бројката кога станува збор за килограмите.
Висина
Мажите со понизок раст често се чувстуваат многу несигурни во присуство на девојка на високи потпетици, па поради тоа понекогаш избегнуваат места на кои тоа е вообичаен „dress code“.
Години
Можеби во пубертетските години сте лажеле дека некоја година сте постари од онаа која во моментот сте ја имале. Мажите понекогаш се чувстуваат несигурни поради годините па и затоа често ги намалуваат па дури и за цела деценија.
Состојбата на банкарската сметка
Сонот на повеќето мажи е да бидат доволно добро ситуирани за да можат да го издржуваат семејството, да го поседуваат долго посакуваниот автомобил и едноставно да се чувстуваат моќно. Со тоа доаѓа и фактот дека поголем број од жените финансиите ги привлекуваат подеднакво како и физичкиот изглед, па не е ни чудно ако мажот се чувстува несигурно без доволно финансиски средстава.
Сексуалното искуство и способност
Сигурно погодувате, ова е тема за која мажите и најмногу лажат. Секој сака да остави добар впечаток, дали во друштво, дали пред понежниот пол па затоа бројките во секој случај секогаш се дуплираат.