Штипското комунално претпријатие „Исар“ заврши со двете фази од бушењето и ставање во функција на два бунари за вода за пиење. Директорот Живко Тасев појаснува дека ставањето на овие два нови бунари ќе значи и обезбедување на дополнители 30 до 35 литри во секунда во системот за водоснабдување на градот Штип.
Првата фаза, односно бушење на бунарите чинеше 400.000 денари и втората фаза веќе се заврши со поврзување на двата бунари со цевки, која финансиски изнесуваше околу 1.200.000 денари, вели Тасев.
На екипите им останува уште да ги постават пумпите и кабелот во бунарите, а оваа фаза чини 600.000 денари.