Доставени се девет понуди на објавениот тендер за увоз на јаглен за потребите на РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“, соопштија од Електрани на Северна Македонија, ЕСМ. Притоа, понудите за РЕК „Осломеј“ ги исполнуваат барањата за потребните количини потребни за производство на струја, додека за РЕК „Битола“ во најкус можен рок повторно ќе биде објавен тендер, бидејќи понудените количества не ги исполнуваат целосно барањата.
Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски денеска изјави дека се доставени пет понуди за јаглен за РЕК „Битола“ и осум за РЕК „Осломеј“. Понуди има од три македонски рудници, како и од рудници од Албанија, Косово, Русија, Турција и Босна и Херцеговина.
„Во прва фаза е утврдено дека за „Осломеј“ понудите ги исполнуваат барањата за потребните количини, и понатаму, во втора и трета фаза се продолжува со проценка на другите сегменти од тие понуди. За РЕК „Битола“ не се нудат доволни количини на јаглен. Од тие причини АД ЕСМ во најкус рок повторно ќе објави повик за РЕК „Битола“ и повторно ќе бара понуди за потребните количини за овој капацитет“, изјави Ковачевски.
Објавено на: 10/21/21 1:48 PM