МЗ најави набавка на „Молнупиравир“ – единствениот лек против ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 10/21/21 12:28 PM

МЗ најави набавка на „Молнупиравир“ – единствениот лек против ковид-19

Министерството за здравство соопшти дека ќе набави „Молнупиравир“, кој е единствен лек против ковид-19. Посочуваат дека стапиле во контакт со производителот на лекот, компанијата МСД, и дека за кратко време ќе започнат преговорите за негова набавка.

„Молонупиравир“ е во форма на таблета и може да го примаат сите пациенти кои се позитивни на ковид-19. Тој се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот. Досегашните клинички испитувања покажуваат дека со овој лек хоспитализацијата е намалена за 50 отсто, информираат од Министерството.
„Лекот и вакцината против ковид-19 не може да се споредуваат. Вакцините спречуваат тешка форма на болеста, компликации при хоспитализација или смртен исход. Вирусот  брзо мутира и најголема ефикасност даваат вакцините, а целта е постигање на колективен имунитет, како би се заштитиле од новите соеви на SarsCoV2“, соопштуваат од дова министерство.