ДИК за вториот круг: Болните и немоќните да се пријават за гласање до 23 октомври, а лицата со ковид-19, до 25 октомври – ММС
ММС

Објавено на: 10/21/21 12:15 PM

ДИК за вториот круг: Болните и немоќните да се пријават за гласање до 23 октомври, а лицата со ковид-19, до 25 октомври

Државната изборна комисија (ДИК) денеска информираше дека болните и немоќните лица со право на глас, во вториот изборен круг ќе можат да гласаат на ист начин и под исти услови како и во првиот. За вториот изборен круг може да се поднесуваат и нови барања од гласачи од оваа категорија граѓани, наведуваат од ДИК. Нови барања ќе треба да поднесат и лица со ковид-19 и во изолација.

Рокот за поднесување на нови барањата на болните и немоќните лица е до 23 октомври, до 24:00 часот. Гласачите кои сакаат да го остварат своето право на глас, како лица во домашен карантин поради позитивен тест на ковид-19 и лица на кои им е определена мерка самоизолација, еден ден пред денот определен за гласање се должни до Општинската изборна комисија да достават ново барање за гласање. За нив рокот за пријавување е до 25 октомври, до 24:00 часот.

(МИА)