Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.919 дози вакцини, од кои 565 како прва доза, 1.286 се ревакцинирани, а 1.068 граѓани примиле трета доза вакцина против квид-19. Заклучно со 20 октомври, вкупно се вакцинирани 800.357 граѓани, ревакцинирани се 766.521, а трета доза примиле 2.365 граѓани, соопшти Министерството за здравство.
Педесет и четири отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од лица над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто државата примила две дози вакцина, информираат од ова, министерство.
(МИА)