Запленета марихуана вредна 200.000 евра која од Албанија требало да заврши во Грција – ММС
ММС

Објавено на: 10/21/21 8:13 AM

Запленета марихуана вредна 200.000 евра која од Албанија требало да заврши во Грција

Во заедничка полициска акција на д Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Специјална антитерористичка единица „Тигар” и ОВР Прилеп е пресечен меѓународен канал за транспорт на марихуана, од Албанија преку нашата држава со крајна дестинација за Грција, во  вредност од околу 200.000 евра.

„На патниот правец Прилеп-Битола од страна на сообрaќајна полиција запрено е патничко возило „пежо карван”, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(31) од Скопје и при извршена контрола било констатирано дека лицето не поседува возачка дозвола и возилото не било технички испрвно, а по извршениот преглед биле пронајдени две патни торби во кои имало 9 големи пакувања марихуана, во вкупна количина од 50 килограми“, соопшти МВР.

М.Ј. е лишен од слобода, за настанот известен е Јавен обвинител од ОЈО Прилеп и се преземаат мерки за утврдување на евентуална инволвираност и на други лица при транспортот на дрогата, по што од страна на ОВР Прилеп до надлежното ОЈО Прилеп ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

 

О.К.